Започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“

📣 Започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“
!
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес официјално ја објави националната кампања која ја слави вредноста на македонското производство и ги поддржува нашите земјоделци, преработувачи и рурални заедници. 🌾
Кампањата има за цел:
- Да го зајакне домашното земјоделско производство
- Да поттикне свест за квалитетот на домашните производи
- Да го олесни пристапот на граѓаните до локални производи
Да создаде стабилна поддршка за нашата економија
🌐 Активна е новата дигитална платформа:
📍 Со интерактивна мапа „Каде да купам“ – за брзо и лесно пронаоѓање на најблиските продажни места со македонски производи.
📲 Во подготовка е и мобилна апликација, која ќе овозможи граѓаните брзо, едноставно и во секое време да дојдат до информации за достапноста на домашните производи директно преку апликацијата од нивниот телефон.
🔊 Ве повикуваме сите – земјоделци, преработувачи и продажни центри – регистрирајте се и станете дел од оваа важна иницијатива!
🇲🇰 Одберете македонско – инвестираjте во иднината на нашата земја.
#МакедонскоНајдобро #НашаТрадицијаНашаГордост
#ПоддржиМакедонско #МинистерствоЗаЗемјоделство
#КупувајПаметно