За нас

Македонско Најдобро е национална иницијатива создадена со јасна цел: да се поддржи и унапреди македонското земјоделско производство и домашната преработувачка индустрија, преку современа, инклузивна и отворена дигитална платформа.

Платформата е воспоставена со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое посветено работи на развивање на системи што ќе овозможат поголема видливост, поврзаност и пласман за домашните производители. Преку оваа алатка, Министерството испраќа силна порака: време е домашното да стане прв избор – кај институциите, трговците и секој граѓанин.

Македонско Најдобро Logo

Зошто постоиме?

Why We Exist

Во време кога глобалниот пазар нуди секакви избори, македонските земјоделци и преработувачи често остануваат во сенка. „Македонско Најдобро" постои за да ја смени таа слика.

Нашата платформа има неколку клучни цели:

  • Да им овозможи на македонските производители бесплатно и едноставно да ги регистрираат своите производи – од свежи земјоделски култури до финални преработки;
  • Да овозможи продажните центри, маркетите, трговци со овошје и зеленчук(пиљари) и локални продавници да се евидентираат како места кои продаваат македонски производи;
  • Да изгради отворена, прецизна и интерактивна мапа која ќе му овозможи на секој граѓанин, без разлика каде се наоѓа, да најде најблиска локација каде може да купи производ со македонско потекло.

Кој може да се регистрира?

Платформата е достапна за:

Farmers

Земјоделци и земјоделски здруженија

Processors

Преработувачи и мали домашни производители

Retailers

Продажни објекти, маркети, трговци со овошје и зеленчук(пиљари) и трговци кои нудат домашни производи

Што нуди платформата?

Бесплатна регистрација и профил за секој учесник во синџирот на производство и продажба

Гео-локациско поврзување на производот со конкретни продажни места

Функционална мапа за потрошувачи според моментална локација

Можност за директни соработки меѓу производители и продавачи

Приказни за успех на македонски земјоделци и брендови

Видливост пред институции, големи купувачи и потенцијални партнери

Едноставен и лесен систем за управување со сопствената понуда

Platform Offers

Поголема цел – поддршка и свест

Нашата цел не е само економска – таа е и културна, општествена и емоционална. „Македонско Најдобро" ја гради свеста за вредноста на домашното производство, ја враќа гордоста кај производителите, ја буди довербата кај потрошувачите и создава врски меѓу сите чинители во ланецот – од нива до трпеза.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја гледа оваа платформа како долгорочен стратешки проект, кој не само што ќе помогне на производителите, туку ќе креира ново дигитално лице на македонското земјоделие, усогласено со европските трендови и дигиталната трансформација.

Нашата визија

  • Да станеме најдоверливата, најсеопфатна и најупотребуваната платформа за македонски земјоделски и прехранбени производи.
  • Да бидеме мостот меѓу трудот на производителот и одлуката на потрошувачот.
  • Да ја обновиме културата на купување македонски производи.
  • И пред сè – да создадеме систем кој ќе им врати вредност, достоинство и иднина на оние кои создаваат храна во Македонија.