Македонско

Успешна македонска приказна – Lecker

Успешна македонска приказна – Lecker

Успешна македонска приказна – Lecker


Lecker е современ производствен капацитет за преработка на месо, дел од интегрираниот систем на Veze Sharri Group. Компанијата е лоцирана во село Требош во близина на Тетово, Северна Македонија, и е специјализирана за производство на производи од месо, мелено месо и подготовки од пилешко и говедско месо. Производствениот објект е изграден и опремен согласно сите европски стандарди и HACCP-барања, со дневен капацитет од 5 тони, односно околу 1.000 тони годишно производство. Lecker работи согласно со ISO 22000:2018, HACCP и HALAL-системи, што гарантира висок степен на безбедност и квалитет на производите.

Вашите почетоци – Раскажете за вашите почетоци во земјоделството/преработката. Што ве инспирирало да започнете? Како започна Вашата приказна?


Lecker е основан како логично продолжение на развојот на групацијата, со цел да се заокружи синџирот на исхрана преку сопствена, контролирана преработка на месо. Инспирацијата за формирање на Lecker произлезе од потребата за стабилно, безбедно и квалитетно домашно производство на производи од месо, со целосна контрола на процесот, од суровина до финален производ. Од самиот почеток, фокусот беше ставен на модерна технологија, строги хигиенски услови и доверливи добавувачи на суровини и материјали.

Предизвици и пречки – Со какви предизвици се соочивте на почетокот? Како ги надминавте? Дали имавте поддршка?


На почетокот, најголемите предизвици беа поврзани со високите технички и регулаторни барања во месната индустрија, како и потребата за брзо воспоставување на доверба кај потрошувачите. Овие предизвици беа надминати преку сериозни инвестиции во инфраструктура, опрема, човечки ресурси и имплементација на меѓународно признати системи за управување со квалитет и безбедност на храна.

Континуираниот надзор, дисциплиниран пристап и јасна ориентација кон стандарди овозможија стабилно позиционирање на Lecker на пазарот.


Успех и постигнувања – На што сте најгорди? Што сметате за Ваш најголем успех? Како придонесувате за економијата и заедницата? Како реагираат купувачите?


Најголемиот успех на Lecker е воспоставувањето на модерен и ефикасен производствен капацитет кој денес произведува околу 1.000 тони производи и преработки од месо годишно, со стабилен квалитет и конзистентност.

Lecker е препознатлив по квалитетот и безбедноста на своите производи, користењето суровини од проверени добавувачи и целосната усогласеност со ISO 22000:2018, HACCP и HALAL стандарди. Купувачите реагираат со доверба, што се рефлектира преку долгорочни соработки и стабилна пазарна позиција.

Заедница, традиција и иновации – Како ги комбинирате македонската традиција со модерните техники во вашето производство? Како Вашата работа придонесува за локалната заедница?


Lecker ја комбинира локалната традиција во производството и преработката на производите од месо со современи европски технологии и строго контролирани производствени процеси. Производството се одвива со посебен акцент на безбедност, хигиена, квалитет и одговорно користење на ресурси. Компанијата придонесува за локалната заедница преку вработување, соработка со домашни партнери и користење суровини и материјали од доверливи извори, со што се зајакнува локалната економија и синџирот на снабдување.


Поглед кон иднината – Кои се Вашите планови за развој? Што сметате дека треба да направи државата за да бидете уште поуспешни?


Плановите на Lecker се насочени кон понатамошно унапредување на производствените процеси, зголемување на ефикасноста и проширување на асортиманот на производи и преработки од месо, секогаш во рамки на највисоките стандарди за квалитет и безбедност. За уште поголем напредок, неопходни се стабилни регулаторни услови, поддршка за домашното производство и фер пазарна конкуренција.

Порака до јавноста – Што би им порачале на младите? Кој е вашиот апел до потрошувачите?


На младите им порачуваме дека прехранбената индустрија нуди сериозни можности за професионален развој кога се води одговорно и со визија. На потрошувачите им апелираме да избираат проверени, домашни производи кои гарантираат квалитет, безбедност и доверба.


Мислење за кампањата „Македонско најдобро“ – Што значи за Вас? Дали придонесува? Што би сакале да видите понатаму?


Кампањата „Македонско најдобро“ претставува важна платформа за промоција на домашното производство и компаниите кои работат согласно високи стандарди. Таа придонесува кон зголемување на довербата кај потрошувачите и поддршка на квалитетното македонско производство. Во иднина, очекуваме уште поголема видливост и континуитет за производителите кои инвестираат во квалитет, безбедност и одржлив развој.

#Новини