Македонско

Успешна македонска приказна – ИЗ ЕУРО ФРУИТ

Успешна македонска приказна – ИЗ ЕУРО ФРУИТ

Успешна македонска приказна – ИЗ ЕУРО ФРУИТ


ИЗ ЕУРО ФРУИТ Николче Кочовски с.ВолкодериРесен .

Поседувам овошни насади со јаболка на површина од 6 ха и насади од лешник од 4,5 ха .

Годишно производство на 500 тони јаболка, и 8 тони лешник.


Ваши почетоци – Раскажете за вашите почетоци во земјоделството/преработката. Што ве инспирирало да започнете? Како започна Вашата приказна?


По завршување насредното образование, и фамилијарната традиција за одгледување на јаболка , се одлучив да се занимавампрофесионално со овоштарство. Во тој период 2008-2009 имаше програми од страна на Владата за помош за започнување на земјоделска дејност, подигање на насади и набавка на трактори и приклучна механизација. Аплицирав на сите можни огласи – така започна мојата приказна.

Предизвици и пречки – Со какви предизвици се соочивте на почетокот? Како ги надминавте? Дали имавте поддршка?


На почетокот беше тешко, готовиот производ беше тешко да се продаде, уште потешко да се наплати, но предизвикот беше голем, Со многу труд и упорност ги пребродив сите препреки.

Кога ќе успееш да го собереш првиот род и ќе видиш дека трудот не бил залуден – тоа е чувство што не се заборава.


Успех и постигнувања – На што сте најгорди? Што сметате за Ваш најголем успех? Како придонесувате за економијата и заедницата? Како реагираат купувачите?


Во 2013 г. бев прогласен за најуспешен млад земјоделец во Преспа, тоа беше поттик да продолжам,дури и кога беше најтешко, посебно со пласманот во последните 8 години.

Најнова гордост ми е изградбата на сопствен ладилник со капацитет од 250 тона , изграден со сопствени средства.

Редовно ги подмирувам сите обврски кон државата - придонеси, даноци, се ми е сервисирано до денес.

Најголемиот проблем ни е продажбата и наплатата од фирмите со кои соработуваме, секоја година има нерегулиран откуп, затоа е потребно здружување и тоа е единствениот излез од ситуацијата .


Заедница, традиција и иновации – Како ги комбинирате македонската традиција со модерните техники во вашето производство? Како Вашата работа придонесува за локалната заедница?


Сите традиционални сорти кои се одгледуваат од поколенија, се грижиме сите да останат и да продолжи нивното понатамошно одгледување .

Поглед кон иднината – Кои се Вашите планови за развој? Што сметате дека треба да направи државата за да бидете уште поуспешни?


Со изградбата на ладилникот, сметам дека постигнав сигурност. Сега можам да го сочувам плодот, да почекам подобра цена и да работам плански. Тоа е голема промена за секој земјоделец.

Сепак државата треба да воспостави ред, посебно при откупот, да се смени Законот за земјоделство и рурален развој, трговците да се задолжат со банкарска гаранција, за да не дојдеме во ситуација како претходните 10 години да има уште ненаплатено јаболко.


Порака до јавноста – Што би им порачале на младите? Кој е вашиот апел до потрошувачите?


Секој почеток е тежок, како што почнав јас така им препорачувам на сите кои сакаат да се занимаат со земјоделство, да го сфатат професионално производството на храна, земјоделството треба да биде движечка сила на една држава, да ги искористат сите мерки кои ги нуди државата .

Потрошувачите треба да сфатат дека нашиот производ е најдобар - преспанското јаболко е со одличен квалитет, сите средства да останат во државата, бидејќи сите треба да придонесеме за развој на домашната економија .


Мислење за кампањата „Македонско најдобро“ – Што значи за Вас? Дали придонесува? Што би сакале да видите понатаму?


Да произведуваме што повеќе наше Македонско, Преспанско јаболко, само така ќе ја зајакнеме економијата и ќе ја зачуваме традицијата.

#Новини