Македонско

Успешна македонска приказна – Агро Фарм

Успешна македонска приказна – Агро Фарм

Успешна македонска приказна – Агро Фарм

Agro Farm, позната како „Фармата на Тони“, е успешна македонска семејна приказна која започнува со работа во 1999 година како мал семеен бизнис.

На почетокот функционира само како фарма, а со текот на годините прераснува во препознатлив домашен бренд со сопствена фарма, кланица за бројлери и производство на квалитетно пилешко месо.

Ваши почетоци – Раскажете за вашите почетоци во земјоделството/преработката. Што ве инспирирало да започнете? Како започна вашата приказна?


Љубовта кон оваа работа беше нашата најголема инспирација, а дополнителен мотив беше недостатокот на квалитетно, здраво и природно одгледано македонско пилешко месо.

Започнавме со мала фарма и мал број бројлери за одгледување, но со многу труд, посветеност и континуирана работа постепено се развивавме и го проширувавме производството.


Предизвици и пречки – Со какви предизвици се соочивте на почетокот? Како ги надминавте? Дали имавте поддршка?


Најголемиот предизвик беше да ја стекнеме довербата на потрошувачите и да ги убедиме дека нудиме навистина квалитетен домашен производ.

Денес можеме со гордост да кажеме дека речиси секој што еднаш ги пробал нашите производи станал наш редовен купувач.

Успех и постигнувања – На што сте најгорди? Што сметате за ваш најголем успех? Како придонесувате за економијата и заедницата? Како реагираат купувачите?


Нашата најголема гордост е што, и покрај сите предизвици, останавме сплотено семејство и изградивме препознатлив македонски бренд.

Особено сме горди што произведуваме здраво и квалитетно домашно пилешко месо. За нас, најголема потврда за успехот се довербата и лојалноста на нашите купувачи, кои со години ги избираат нашите производи.


Заедница, традиција и иновации – Како ги комбинирате македонската традиција со модерните техники во вашето производство? Како вашата работа придонесува за локалната заедница?


Традицијата ја негуваме така што околу 90% од храната за пилешките ја произведуваме сами – житарките ги одгледуваме на сопствени ниви.

Истовремено, постојано инвестираме во модерна механизација, опрема и технологии. На тој начин ја олеснуваме работата, обезбедуваме подобри услови за производство и создаваме уште поквалитетен производ.

Поглед кон иднината – Кои се вашите планови за развој? Што сметате дека треба да направи државата за да бидете уште поуспешни?


Нашата цел е да продолжиме да растеме и да им обезбедуваме на купувачите квалитетно и достапно домашно пилешко месо.

Во иднина, по зголемувањето на капацитетите, планираме и извоз. Очекуваме државата и понатаму да го поддржува домашното производство преку соодветни мерки и програми, бидејќи тоа е важно и за производителите и за економијата.


Порака до јавноста – Што би им порачале на младите? Кој е вашиот апел до потрошувачите?


Им благодариме на сите што ни веруваат, нè поддржуваат и ги избираат нашите производи.

Ги охрабруваме граѓаните секогаш кога имаат можност да купуваат македонски производи и да ги поддржуваат малите домашни бизниси, бидејќи така придонесуваат и за економијата и за развојот на нашата држава.

Мислење за кампањата „Македонско најдобро“ – Што значи за вас? Дали придонесува? Што би сакале да видите понатаму?


За нас кампањата „Македонско најдобро“ значи вистинска промоција на квалитетните домашни производи и дополнителен мотив за производителите.

Сакаме оваа кампања да продолжи уште посилно, затоа што секоја поддршка за македонските производи значи поддршка за домашното производство, за македонските семејни бизниси и за економијата на нашата држава.

#Новини