Наша традиција,
наша гордост.

Секој ваш избор ја гради иднината на нашата заедница.

Регистрирај се

Македонско Најдобро е национална иницијатива создадена со јасна цел: да се поддржи и унапреди македонското земјоделско производство и домашната преработувачка индустрија, преку современа, инклузивна и отворена дигитална платформа.

Платформата е воспоставена со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое посветено работи на развивање на системи што ќе овозможат поголема видливост, поврзаност и пласман за домашните производители. Преку оваа алатка, Министерството испраќа силна порака: време е домашното да стане прв избор – кај институциите, трговците и секој граѓанин.

Македонско Најдобро Logo

Топ категории

Кој може да се регистрира?

Платформата е достапна за:

Farmers

Земјоделци и земјоделски здруженија

Processors

Преработувачи и мали домашни производители

Retailers

Продажни објекти, маркети, трговци со овошје и зеленчук(пиљари) и трговци кои нудат домашни производи

Продажни центри

Што нуди платформата?

Бесплатна регистрација и профил за секој учесник во синџирот на производство и продажба

Гео-локациско поврзување на производот со конкретни продажни места

Функционална мапа за потрошувачи според моментална локација

Можност за директни соработки меѓу производители и продавачи

Приказни за успех на македонски земјоделци и брендови

Видливост пред институции, големи купувачи и потенцијални партнери

Едноставен и лесен систем за управување со сопствената понуда

Platform Offers

Поголема цел – поддршка и свест

Нашата цел не е само економска – таа е и културна, општествена и емоционална. „Македонско Најдобро" ја гради свеста за вредноста на домашното производство, ја враќа гордоста кај производителите, ја буди довербата кај потрошувачите и создава врски меѓу сите чинители во ланецот – од нива до трпеза.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја гледа оваа платформа како долгорочен стратешки проект, кој не само што ќе помогне на производителите, туку ќе креира ново дигитално лице на македонското земјоделие, усогласено со европските трендови и дигиталната трансформација.

Нашата визија

  • Да станеме најдоверливата, најсеопфатна и најупотребуваната платформа за македонски земјоделски и прехранбени производи.
  • Да бидеме мостот меѓу трудот на производителот и одлуката на потрошувачот.
  • Да ја обновиме културата на купување македонски производи.
  • И пред сè – да создадеме систем кој ќе им врати вредност, достоинство и иднина на оние кои создаваат храна во Македонија.