кочански ориз, 1 класа, сорта Опале. Произведува и пакува - Даниво дооел Кочани
Суво бело вино со златно- жолти нијанси, изразена мускатна арома, полно тело и богат екстракт на виното што му дава хармоничност и долготрајност.
Суво бело вино со златно- жолта боја, пријатно ароматично, давајќи ароми на слатка роза и личи, проследено со ноти на ѓумбир и кајсија кои се убаво избалансирани со лесна сладост.
Ова бело куве вино е хармонична мешавина создадена од две исклучителни сорти на грозје: Рајнски Ризлинг и Смедеревка. Заедно, овие две сорти создаваат вино кое е свежно и добро избалансирано, покажувајќи ги најдобрите карактеристики на секоја сорта. Ризлингот обезбедува структура и елеганција, додека пак Смедеревката додава длабочина и пријатен овошен профил.
Суво бело вино од сортата Рајнски Ризлинг, се карактеризира со зеленкасто-жолтеникава боја и интензивни ароми. Ова ароматично вино нуди примарни овошни ароми на овошни плодови како нектаринa, кајсија, јаболко со мед и круша. Поради слаткоста и киселоста на Ризлингот, тој е совршен додаток на зачинетата храна.
Ред антлер е премиум суво црвено вино со длабока рубин- црвена боја, зреено во унгарски дабови буриња. Хармонично и експресивно со зрели танини и пријатна арома на ванила.
Сирах е суво црвено вино со длабока рубин- црвена до виолетова нијанса со полно тело кое изобилува со танини. Има силен овошен вкус кој е долготраен и во сооднос со танините има вкус на боровинки и капини.
Со полно тело и свежо, ова Каберне, е зрело и експлозивно со ноти од малина, капина, цреша. Изобилува со танини кои го прават комплексно и структурно, а соодносот на алкохолот киселините и полниот екстракт на виното му дава хармоничен и избалансиран вкус. Финишот е импресивен, а текстурата е мазна.
Суво и овошно, ова розе вино од сортата Каберне Совињон заведува со својата нежност, елеганција и свежина и се карактеризира со изразена сортна арома на шумски плодови. Ова вино изобилува со нежни киселини и полно тело.
Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Токму поради тоа тој претставува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогнат да го сочувате и подобрите здравјето.
Гевурцтраминер е винска сорта со розева лушпа и бела срцевина. Гроздовите се мали и збиени, со средно крупни зрна. Дава грозје со висока шеќерност и ниска природна киселост. Има многу изразен мирис, сличен на личи, мускат и роза. Се користи за производство на ароматични бели вина, најчесто суви и полуслатки.
Рајнски ризлинг е бела сорта со зелена лушпа и средни, компактни гроздови. Грозјето има умерена шеќерност и висока киселост. Мириса на зелена јаболка и цитрус. Се користи за производство на свежи и ароматични вина.
Изработен од домашно свежо свинско месо Прва категорија полнет во природни црева(св. слепо црево) со додаток на природни зачини,македонско вино "Вранец" и најфино мелен црвен пипер од сортата "Лакошнички козирог" чаден на буково дрво( ладно чадење T<35°C 5-7дена) и созреан во темна и проветрена просторија(T 7-10°C, RH 65-75%, 4-6месеци) БЕЗ УПОТРЕБА на адитиви,конзерванси,вештачки бои и ароми, нитрати и нитрити
Изработена по стара рецептура од свинско и јунешко месо прва и втора категорија со додаток на домашна пршута,грбна сланина,бел и црн пипер во зрна и ф'стаци ,чадена на буково дрво (10-12ч Т 80-90°C) и созреана во темна и проветрена просторија 5-7дена(Т<7°C и RH 60-70%) БЕЗ ДОДАТОК НА ВЕШТАЧКИ БОИ И АРОМИ, КОНЗЕРВАНСИ,АДИТИВИ,НИТРАТИ И НИТРИТИ,ОД ДОМАШНО СВЕЖО СВИНСКО И ЈУНЕШКО МЕСО!!
Природен ливадски мед од еколошки чистата Богомила .
Природен шумски мед од еколошки чистата Богомила .
Малина
Јаболка
🌰 Зошто да избереш костенов мед? ✔️ Богат е со антиоксиданси што го штитат телото од стрес и штетни влијанија. ✔️ Содржи минерали (железо, магнезиум, калиум) кои ја подобруваат крвната слика и циркулацијата. ✔️ Помага при замор и слабост, давајќи ти природен извор на енергија. ✔️ Поддржува здравје на дигестивниот систем и ја балансира флората. ✔️ Со неговата силна арома, е совршен избор за гурмани и љубители на уникатни вкусови. 🌿 Како да го користиш? – На празен стомак, една лажичка за имунитет и сила во текот на денот. – Во топол чај за смирување и дополнителна енергија. – Комбиниран со сирење, јаткасти плодови или интегрални палачинки – вистински гурманско доживување. – Во природна нега на кожата и косата како домашен лек. 🧑💻 https://prirodenmed.mk
Ливадскиот мед на Демјаница е инзвонредна храна која со својот прекрасен вкус и арома физиолошки одговара на потребите на целиот организам преку целиот ден. Бојата на ливадскиот мед е со златно жолта боја па се до светло – црвени нијанси. Пчелите работнички го собиваат нектарот од ливадските предели во кои се наоѓаат пчеларниците , го предаваат на пчелите складирачки и со своите ензими го преработуваат во мед кој потоа го складираат во восочните ќелии. https://www.demjanica.mk/
Оваа категорија не содржи поткатегории или производи.